logo
logo
logo

ТРАМП ЗА ИРАНЦИТЕ: “Тие сакаат да слушаат бомби!“

Vecer | 06.04.2026

ТРАМП ЗА ИРАНЦИТЕ: “Тие сакаат да слушаат бомби!“

Доналд Трамп изјави дека крајниот рок за Иран за склучување договор е конечен, откако Техеран денеска ги одби американските предлози за крај на војната. Тој се закани со уништување на иранските електрани и мостови ако Техеран не го отвори Ормускиот Теснец до 8 април во два часот по средноевропско време.

Ќе продолжиме со бомбардирањата на Иран зашто не сака да се предаде и затоа прави голема грешка. Ако не го направат тоа, нема да имаат мостови и електрани, нема да имаат ништо. Да имав избор, јас би ја искористил американската воена моќ за да ја преземеме контролата врз огромните нафтени резерви на Иран, но нема голем интерес за таков потег кај американските избирачи“, рече Трамп.

Тој смета дека воената акција на крајот ќе им помогне на луѓето во Иран.

Тие сакаат да слушаат бомби оти сакаат да бидат слободни. Единствената причина зошто Иранците не се на уличните протести е затоа што веднаш ќе бидат застрелани од режимот. Иранците ќе возвратат штом ќе знаат дека нема да бидат застрелани и штом ќе можат да добијат оружје. Да имаа оружје, иранскиот режим ќе се откажеше за две секунди“, рече Трамп.

Тој додаде дека е лут на иранската влада, која ќе плати висока цена за тоа.

Иран не ги искористи шансите што му беа понудени да се заврши војната“, рече Трамп.

Иранската новинска агенција „Ирма“ објави дека Техеран доставил одговор на американските предлози за крај на војната, додавајќи дека не прифаќа примирје, туку бара траен прекин на непријателствата и само во тој случај ќе се согласи на отворање на Ормускиот Теснец. Иран исто така бара укинување на санкциите, реконструкција на земјата и протокол за безбеден премин низ Ормускиот Теснец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk