logo
logo
logo

ГЛОБНАЛЕН СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА - Застојот во преговорите меѓу САД и Иран ги тресе берзите

Vecer | 18.08.2026

ГЛОБНАЛЕН СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА - Застојот во преговорите меѓу САД и Иран ги тресе берзите

Цените на нафта растат трета последователна сесија, бидејќи изгледите за нов договор меѓу САД и Иран ослабеа откако претседателот Доналд Трамп изјави дека не е заинтересиран за продолжување на привремениот мировен договор.

Цената на суровата нафта „Брент“ утрово се искачи над 91, 7 долар за барел, додека цената на нафтата од типот WTI се зголеми за 1,2% на 85,5 долари за барел.

Пазарот реагираше на изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека не е заинтересиран за продолжување на привремениот мировен договор

Меморандумот за разбирање потпишан во јуни, кој требаше да им даде на двете страни 60 дена да преговараат за долгорочен мировен договор, официјално истече вчера. Во меѓувреме, Иран и Оман продолжуваат да преговараат за договор за управување со превозот низ Ормускиот Проток, иако САД не се вклучени во разговорите. Малку е веројатно дека Вашингтон ќе поддржи каков било договор што нема да обезбеди неограничен премин низ стратешки виталната бродска рута.

Истовремено производителите од Блискиот Исток се чини дека стануваат сè повешти во тајното пренесување нафта низ Ормускиот Проток до глобалните купувачи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk