Водечките американски медиуми кои имаат свои извори во Белата куќа пишуваа дека во врвот на власта постои поделба кој е, а кој не е за војната против Иран. Поддржувачи на воната беа предводени од минстерот за одбрана (Министер за војна) Пит Хегсет и група околу него. Против влезот на САД во војната против Иран беше, речиси осамен во врвот на власта, потпретседателот Џеј Ди Венс.

Дојде денот да се потпише мировен договор за крај на таа војна. Договорот нема да го потпише претаедателот Доналд Трам туку најзаслужниот за мирот - Џеј Ди Венс.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе отпатува за Швајцарија на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран. Трамп ова го соопшти пред новинарите на маргините на самитот на Г7 на Женевското Езеро, за време на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон.
САД и Иран се договорија за рамковната спогодба по неколкунеделни преговори. Се очекува договорот да доведе до подетални разговори за можен прекин на конфликтот меѓу двете земји.
Медиумските извештаи наведуваат дека церемонијата ќе се одржи во Женева, пренесе ДПА.
САД и Израел почнаа воени операции против Иран на 28 февруари. Прекин на огнот е во сила од април, иако повремено беше нарушуван со повремени избувнувања на насилство.
Лидерите на Групата седум водечки демократски економии – САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија – се состануваат од денеска до среда во францускиот град Евијан ле Бен на Женевското Езеро.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата