logo
logo
logo

Се „роди“ ОКТАГОН!!!

(Видео) АМЕРИКАНСКИОТ ПЕНТАГОН НАДМИНАТ ВО ПУСТИНАТА - Египет го отвори најголемиот воен комплекс во светот

Vecer | 06.07.2026

(Видео) АМЕРИКАНСКИОТ ПЕНТАГОН НАДМИНАТ ВО ПУСТИНАТА - Египет го отвори најголемиот воен комплекс во светот

Египет викендов свечено го отвори своето ново седиште на вооружените сили наречено „Октагон“, кое се смета за најголем воен комплекс во светот и далеку го надмина американскиот Пентагон. На свеченото отворање присуствуваше претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, кој се појави во воена униформа за првпат по повеќе од десет години, опишувајќи го објектот како доказ за волјата на нацијата која знае дека ништо не е невозможно.

Овој масивен мегапроект се состои од осум згради во форма на осмоаголник и се протега на неверојатни 90 квадратни километри во пустината источно од Каиро, каде што се гради новиот административен главен град на државата. Димензиите на воениот центар се толку колосални што неговата вкупна површина е еднаква на големината на португалската метропола Лисабон.

Изградбата на „Октагон“ чинеше астрономски 50 милијарди евра, со што стана еден од најскапите проекти откако ал-Сиси дојде на власт во 2013 година со воен пуч. Ваквото енормно трошење предизвика бран критики кај населението, бидејќи Египет во моментов се соочува со една од најтешките економски кризи во изминатите неколку децении, а надворешниот долг на земјата достигна рекордни 143 милијарди евра.

Многу граѓани го обвинуваат токму претседателот и неговите расипнички мегаломански пустински проекти за финансискиот колапс на државата. Иако безбедносната ситуација во Египет е стабилна по немирите од револуцијата во 2011 година, земјата веќе со години трпи сериозни економски и бегалски последици од војните во непосредното соседство, поточно од конфликтите во Газа, Судан и Либија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk