Цените на нафтата ќе паднат по победата на Соединетите Американски Држави над Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој оцени дека сегашниот пораст на цената на нафтата од типот Брент на светскиот пазар е само привремена последица од конфликтот на Блискиот Исток.
- Тоа е многу мала цена за безбедноста и мирот за Соединетите Американски Држави и целиот свет. Само будалите можат да размислуваат поинаку - рече Доналд Трамп.
Трамп: Скокот на цените на нафтата е привремен
Американскиот претседател нагласи дека порастот на цената на нафтата од типот Брент претставува краткорочна реакција на пазарот на војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и дека глобалниот пазар на енергија ќе се стабилизира по завршувањето на воената операција.
Според него, сегашната нестабилност на пазарот на енергија е поврзана со стравот од прекини во снабдувањето со нафта, но, како што тврди, тој притисок ќе исчезне кога ќе се отстрани „иранската нуклеарна закана“.
- Скокот на цените на нафтата е краткорочен и ќе исчезне кога ќе ја уништиме иранската нуклеарна закана - рече Доналд Трамп.
Војната на Блискиот Исток ја зголеми цената на нафтата
Изјавата на американскиот претседател доаѓа во време кога цената на нафтата на светскиот пазар нагло расте поради ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток и стравувањата од прекини во глобалните снабдувања со енергија.
Аналитичарите предупредуваат дека понатамошната ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран би можела дополнително да влијае на енергетскиот пазар, особено поради важноста на Персискиот Залив и Ормутскиот Проток, низ кои минува голем дел од светската трговија со нафта.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата