Убиен полицаец и повреден специјалец во експлозија во северна Шпанија

Vecer | 10.11.2026

Убиен полицаец и повреден специјалец во експлозија во северна Шпанија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Еден полицаец е убиен, а друг е повреден во експлозија во градот Овиедо, во северна Шпанија, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила во вторник наутро, кога полицајци од специјалната единица со службени кучиња пристигнале за да го проверат сомнителниот ранец. Според локалните медиуми, полицајците го пронашле ранецот откако дошле на местото на настанот поради друг инцидент. Шпанската полиција потврди дека загинатиот полицаец бил Хуан Хозе и му оддаде почит со објава на социјалната мрежа X.

„Нашите мисли и срца се со неговото семејство, пријателите, колегите и сите негови најблиски“, соопшти полицијата. Околностите на експлозијата засега се непознати.

Според дополнителни информации од Ројтерс и шпанските медиуми, полицијата интервенирала по конфликт меѓу две семејства, при што млада жена била ранета од огнено оружје. Повредениот полицаец е член на единицата за деактивирање експлозивни направи, а според шпанските медиуми, поради тешките повреди му била ампутирана ногата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk