Од 27 декември, Латвија официјално се повлече од Конвенцијата за забрана на противпешадиски мини, позната како Отавска конвенција, изјави денес портпаролката на Министерството за надворешни работи на таа земја, Дијана Еглите.
Како што изјави таа, одлуката на Латвија да се повлече од конвенцијата, која забранува употреба, складирање и производство на противпешадиски мини, стапи на сила шест месеци откако официјалниот документ за повлекување беше доставен до Генералниот секретар на Обединетите нации на 27 јуни, објави денес Интерфакс.
Со тоа, од 27 декември 2025 година, Латвија добива можност да се стекнува, произведува и користи противпешадиски мини.
Порано беше објавено дека одлуката на Литванија да се повлече од Отавската конвенција стапи на сила истиот ден.
Полска, Естонија и Финска, исто така, испратија известувања за нивната намера да се повлечат од конвенцијата до земјите-членки на Обединетите нации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата