logo
logo
logo

Франција станува првата земја во ЕУ што ги забранува социјалните мрежи за деца – решение или нов предизвик?

Vecer | 22.07.2026

Франција станува првата земја во ЕУ што ги забранува социјалните мрежи за деца – решение или нов предизвик?

Новиот закон – под услов да биде одобрен од Уставниот совет на Франција – би можел да ја направи оваа земја прва членка на Европската Унија која вовела забрана за социјални мрежи, следејќи го usвојувањето на слични прописи во Австралија во 2024 година.

Целта на новиот закон е сузбивање на негативните влијанија врз здравјето поврзани со користењето на социјалните мрежи кај децата, додека истовремено ја забранува употребата на мобилни телефони во училиштата и воведува нови правила во врска со рекламирањето на социјалните платформи, пренесува Асошиејтед Прес..

Регулаторите предложија употреба на алатки за проверка на возраста за да се утврди дали корисниците се доволно стари за отворање сметка, иако сè уште не е јасно кој систем ќе мора да го применат платформите за да го почитуваат законот. Таа одлука на крајот би можела да му припадне на ARCOM, францускиот регулатор за дигитални комуникации, кој ќе ја спроведува забраната штом таа стапи на сила.

Во зависност од тоа дали претседателот Емануел Макрон ќе ја оствари својата намера, тие детали би можеле брзо да бидат дефинирани. Во објава на мрежата X, во која му се заблагодари на парламентот за усвојувањето на забраната, Макрон повика законот да стапи на сила до почетокот на учебната година во септември. Макрон претходно побара гласањето за забраната во парламентот да се спроведе по забрзана процедура, пишува CNN.

Франција не е единствената европска земја која размислува за забрана на социјалните мрежи, но е на пат да биде првата што всушност ќе ја примени. Обединетото Кралство ја истражуваше можноста за забрана и веќе делумно ја спроведува преку барањата за проверка на старосната возраст во рамките на Законот за безбедност на интернет (Online Safety Act). Данска е исто така блиску до воведување сопствена забрана. Од другата страна на Атлантикот, канадските регулатори во јуни го претставија сопствениот предлог-закон за забрана на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години.

Иако zakonодавците ширум светот се наклонети кон забраните, вреди да се напоменат и потенцијалните недостатоци. Најмалку две одделни студии, објавени во април и јуни, покажаа дека значителен број австралиски деца продолжиле да користат социјални мрежи и по стапувањето на забраната на сила, веројатно поради благиот пристап на платформите кон проверката на старосната возраст. Како што покажуваат извештаите за раните проблеми со системот за проверка на возраста на Roblox, самата имплементација на ваквите системи е исклучително сложена. Последиците од француската забрана многу лесно би можеле да бидат проследени со слични предизвици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk