logo
logo
logo

Нов силен земјотрес во Шпанија: Евакуации и повредени во Гранада

Vecer | 18.08.2026

Нов силен земјотрес во Шпанија: Евакуации и повредени во Гранада

Втор силен земјотрес за само неколку дена ја погоди популарната туристичка област во Шпанија, поради што беа евакуирани хотели и делови од една од најпознатите туристички атракции во земјата.

Најмалку три лица се повредени откако утрово подрачјето на Гранада го погоди земјотрес со магнитуда од 4,6 степени, додека службите за вонредни ситуации примиле десетици повици од граѓаните. Потресот уследи по земјотресот со магнитуда од 5,2 кој претходните денови предизвика делумни уривања на објекти и ги натера уплашените жители и туристи да ги напуштат своите домови.

Епицентарот на утрошниот земјотрес бил кај Гохар, помал град и општина оддалечена околу осум километри јужно од центарот на Гранада.

По потресот беа евакуирани хотели и згради на локалната управа кои беа отворени за граѓаните.

Вработените во хотелот со четири ѕвездички „Барсело Кармен Гранада“ беа фотографирани на улицата непосредно по првиот потрес.

Уследија уште два силни потреси

По земјотресот со магнитуда од 4,6 уследија уште два потреси со магнитуда од 4 и 4,2 во близина на Чуријана де ла Вега и Алендин.

Локалните официјални лица потврдија дека три лица се повредени, но наведоа дека нивните повреди не се сериозни.

Меѓу повредените е и девојче кое е пренесено во болница.

Евакуирани се и делови од познатата Алхамбра, еден од најпознатите туристички комплекси во Шпанија.

Портпаролот на центарот за вонредни ситуации со кој управува регионалната влада на Андалузија изјави дека се примени повеќе од 50 повици од граѓани поради одрони на камења и појава на пукнатини.

„Примени се повеќе од педесет повици во кои се пријавени одрони на камења и пукнатини, а засега нема пријави за повредени“, беше првично соопштено од центарот.

Дополнително на социјалните мрежи беше објавено предупредување до населението.

„На поширокото подрачје на Гранада се забележани неколку земјотреси. Ако сте го почувствувале земјотресот, се наоѓате на безбедно и вашиот дом не е оштетен, останете мирни и избегнувајте непотребно влегување и излегување од зградите. Не користете лифт.“

Урнатини завршија на улиците

Снимките што ги направиле локалните жители прикажуваат делови од градежен материјал расфрлани по улицата која полицијата ја оградила со лента.

На една од снимките се слуша припадник на службата за вонредни ситуации како вели:

„Изгледа дека во тој момент никој не поминувал. За среќа.“

Засега не е познато колкава е вкупната материјална штета предизвикана од земјотресот.

На друга снимка објавена на интернет се гледа внатрешноста на празна просторија која силно се тресе за време на потресот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk