Трамп: ЌЕ ГИ ПРЕКИНЕМЕ СИТЕ ТРГОВСКИ ОДНОСИ СО ШПАНИЈА (ВИДЕО)

Vecer | 03.03.2026

Трамп: ЌЕ ГИ ПРЕКИНЕМЕ СИТЕ ТРГОВСКИ ОДНОСИ СО ШПАНИЈА (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги прекинат трговските односи со Шпанија.

„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме никаква врска со Шпанија“, изјави тој пред новинарите додека седеше во Овалната соба за време на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Тој додаде дека му рекол на министерот за финансии Скот Бесент да престане со „сите работи“ со таа европска земја и членка на НАТО.

„Шпанија беше ужасна“, додаде тој, осврнувајќи се на реакцијата на земјите од НАТО на американскиот ракетен напад врз Иран.

„Шпанија всушност рече дека не можеме да ги користиме нејзините бази. Тие беа непријателски настроени. Шпанија нема апсолутно ништо што ни треба, освен одлични луѓе. Тие имаат одлични луѓе, но немаат одлично лидерство“, рече тој.

NOW - Trump: "We're gonna cut off all trade with Spain, we don't want anything to do with Spain." pic.twitter.com/Zjm1zXflfu

— Disclose.tv (@disclosetv) March 3, 2026

Американските авиони ги напуштија базите во Шпанија

Шпанија им го одби пристапот на САД до своите воздухопловни бази за „сè што не е опфатено со договорот или во согласност со Повелбата на ОН“, јави шпанскиот државен радиодифузер RTVE.

Најмалку 15 американски авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот, покажуваат податоците и мапите од страницата за следење на летови FlightRadar24.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи користење на своите воени бази за напади врз Иран. Базите се заеднички администрирани од САД и Шпанија, но се под шпански суверенитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk