Велика Британија воведува доброволна и платена воена служба.
Ова го објави британската влада, наведувајќи дека аплицирањето за програмата треба да започне во март 2026 година, а ќе биде насочено кон млади луѓе до 25 години.
Планот предвидува дека на младите луѓе кои ќе завршат училиште или универзитет ќе им се понуди можност да поминат една година во униформа за да проверат дали се соодветни за воена служба, наведува Телеграф.
Младите луѓе во Велика Британија ќе можат да поминат воена обука како дел од доброволна, платена година во вооружените сили.
Програмата беше препорачана во Стратешкиот одбранбен преглед претходно оваа година и е дел од напорите за надминување на кризата со вработување во војската во услови на растечка воена закана од Русија.
Во првата фаза, програмата е планирано да вклучи 150 учесници, додека владата очекува бројот да се зголеми со текот на времето на повеќе од 1.000 годишно.
Извори за Телеграф велат дека програмата во армијата ќе трае две години, почнувајќи со 13 недели основна обука, по што учесниците ќе се специјализираат во одредени области.
Програмата на морнарицата ќе трае една година и ќе вклучува основна обука за работа на бродови, како и стекнување широк спектар на вештини за различни кариери во морнарицата.
Програмата на воздухопловните сили сè уште е во фаза на разгледување.
Учесниците нема да бидат обврзани да останат во британските вооружени сили, но оние кои сакаат да го сторат тоа ќе можат да добијат дополнителна обука и да бидат распоредени во војската.
„Телеграф“ наведува дека сè уште не е познато каква ќе биде компензацијата за учесниците во програмата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата