logo
logo
logo

(Вознемирувачко) МАЈКИТЕ ПЛАЧАТ, БАНДИТИТЕ ВЛАДЕАТ - Грозоморен масакр го крена Хаити на нозе, илјадници бегаат од домовите!

Vecer | 25.08.2026

(Вознемирувачко) МАЈКИТЕ ПЛАЧАТ, БАНДИТИТЕ ВЛАДЕАТ - Грозоморен масакр го крена Хаити на нозе, илјадници бегаат од домовите!

Вооружена банда ноќеска нападна населба во близина на Порт о Пренс, главниот град на Хаити, при што уби најмалку 47 луѓе, а рани 22 други, објави „Ројтерс“.

Нападот предизвика гнев кај жителите на населбата Кенскоф поради недостигот од заштита од повторливите смртоносни напади. Обединетите нации соопштија дека бројот на жртви може да се зголеми.

Кенскоф се наоѓа на стратешка позиција над патиштата што водат кон главниот град. Населбата од минатата година била цел на десетина напади на вооружени банди, поради што илјадници жители биле принудени да ги напуштат своите домови.

Моќни банди, обединети во поширока алијанса, со години го шират своето влијание во Порт о Пренс и во околните области. Тоа се случува и покрај напорите на странски земји да ја зајакнат хаитиската полиција, која се соочува со недостиг од луѓе и од опрема.

Според хаитиската организација за човекови права РНДДХ, во нападот загинале меѓу 30 и 40 луѓе, а 15 до 20 биле повредени. Од организацијата предупредија дека сè уште е тешко да се утврди точниот број на жртви.

Нападот започнал околу 22:30 часот по локално време.

Владата на Хаити го осуди нападот како „грозоморен“ и вети дека ќе ја засили безбедноста во областа. Жителите, сепак, побараа оставка од локалниот полициски началник, обвинувајќи ги полицајците дека не успеале да ги заштитат жртвите, иако нападот бил на само неколку минути оддалечен од полициската станица.

„Кенскоф нема да биде напуштен“, порача кабинетот на премиерот преку социјалните мрежи.

Владата најави дека ќе преземе мерки за повторно воспоставување на државната власт во областа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk