logo
logo
logo

Бројот на повредени и убиени се зголемува од пукотницата во тајланското училиште

Vecer | 07.08.2026

Бројот на повредени и убиени се зголемува од пукотницата во тајланското училиште

Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата.

Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба.

Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици.

Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Ова е навистина страшно, не требаше да се случи. Не само што ми е жал за жртвите, туку ми е жал што ова се случи. Како може ова да се случи во нашата земја“, Чарнвиракул нагласи дека владата не им дозволува на граѓаните да поседуваат огнено оружје.

Напаѓачот кој пукал во училиштето бил ученик во деветто одделение, на возраст од околу 14 години, изјави утрово за Би-би-си шефот на полицијата во покраината Нонтабури, Дехрапи Конгди.

Полицијата претходно соопшти дека напаѓачот починал.

„Инцидентот бил пријавен околу 10 часот по локално време во училиштето во округот Банг Круаи, по што на лице место се упатиле полиција и припадници на специјалните единици за да ја стават ситуацијата под контрола“, пренесува порталот „Нејшн Тајланд“ (Nation Thailand).

Училиштето пак најави дека ќе издаде официјално соопштение, додека надлежните ја продолжуваат истрагата за инцидентот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk