ФРАНЦИЈА НЕ МИРУВА: Над 1.300 уапсени во бранот протести, 53 повредени припадници на безбедносните сили

Vecer | 25.10.2026

ФРАНЦИЈА НЕ МИРУВА: Над 1.300 уапсени во бранот протести, 53 повредени припадници на безбедносните сили

Во Франција од почетокот на протестниот бран биле уапсени 1.314 лица, а 53 припадници на безбедносните сили биле повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите во повеќе делови од земјата беа проследени со инциденти, оштетување имот и интервенции на полицијата.

Според податоците на Министерството, на демонстрациите во саботата учествувале околу 410.000 луѓе низ земјата, од кои 110.000 во Париз. Тоа е помал број во споредба со претходната недела, кога властите проценија дека на протестите излегле околу 550.000 луѓе.

Во текот на демонстрациите биле пријавени случаи на ограбување продавници и други инциденти, а безбедносните сили интервенирале за да воспостават ред и да спречат понатамошно насилство. Според објавените податоци, во претходната недела биле ограбени 1.522 деловни објекти, додека службите интервенирале при 2.025 пожари. Во последниот бран протести биле ограбени 24 деловни објекти, а регистрирани биле 75 интервенции поврзани со пожари.

Француските власти продолжуваат да ја следат безбедносната состојба и да ги проценуваат последиците од демонстрациите, кои отворија и прашања за полициските мерки и справувањето со насилството за време на протестите

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk