logo
logo
logo

ЕВРОПА ПОПУШТИ, пет земји се договорија да ги ослободат резервите на дизел

Vecer | 02.10.2026

ЕВРОПА ПОПУШТИ, пет земји се договорија да ги ослободат резервите на дизел

Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Ирска и Европската комисија вчера имале итен состанок на кој расправале како да одговорат на зголемениот притисок од американската влада за ослободување на резервите на дизел.

Според она што го објавија европските медиуми кои се повикуваат на сигурни извори, петте земји и ЕК се согласиле дека „секоја одлука за ослободување на резерви треба да се донесе на ниво на МАЕ (Меѓународна агенција за енергија)“, но исто така се договориле дека треба да се стремат кон „намалување на тензиите при разговори со САД“.

За одлуката на овие земји денеска треба да расправаат и другите земји од ЕУ.

МАЕ ја координира енергетската политика меѓу богатите земји и го надгледуваше ослободувањето на залихите на нафта претходно оваа година по затворањето на Ормутскиот теснец.

Американските претставници се незадоволни од земјите од ЕУ, бидејќи веруваат дека тие не ги исполниле доволно своите претходни обврски во рамките на координираната акција на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за ослободување на резервите на нафта.

Акцијата беше покрената за да се ублажат проблемите со снабдувањето, како и зголемувањето на цените поради војната во Иран и прекините во транспортот низ Ормускиот Проток.

Претседателот на САД Доналд Трамп и министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, побараа ослободување на резервите на нафта како алтернатива на воведувањето забрана за извоз, од која ЕУ е во голема мера зависна.

Бараното ослободување на 120 милиони барели дизел во текот на шест месеци би претставувало над една третина од вкупните резерви на ЕУ од основното транспортно гориво. Според најновите достапни податоци на Евростат за мај 2025 година, членките на ЕУ имале околу 39 милиони тони резерви на гасно масло и дизел.

Цените на дизелот во САД растат како резултат на војните во Украина и Иран, што врши притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп да ги намали цените пред клучните среднорочни избори.

САД се голем извозник на дизел и моментално обезбедуваат повеќе од половина од увозот на ЕУ – што значи дека забраната би имала сериозни последици за европската економија.

Трамп одби да ја исклучи забраната за извоз и покрај гласното противење од американскиот нафтен сектор.

– Размислувам за тоа. Многу разговарам со министерот за енергетика Крис Рајт и министерот за внатрешни работи Даг Бургам за тоа – тие некако мислат дека тоа ќе му помогне на дизелот, но би можело да ја зголеми цената на други работи – рече Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk