Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на мировниот предлог на неговата администрација за ставање крај на војната, оценувајќи го како целосно неприфатлив, пренесуваат светските медиуми, според чии анализи, тоа може да доведе до пропаѓање на едномесеченото примирје на кое претходнос е согласија Вашингтон и Техеран.
Новинската агенција Тасним, повикувајќи се на извор запознаен со преговарачкиот пороцес, синоќа соопшти дека иранската страна во текстот ја нагласила потребата од укинување на американските санкции, прекин на поморската блокада на САД на Ормускиот теснец, по потпишување на првичен договор за разбирање и итно завршување на војната, со гаранции дека САД нема повторно да ја нападнат земјата, пренесе „Гардијан“.
За потсетување, САД пред една недела, преку пакистанските посредници, испратија мировен предлог до Техеран, кој, како што објавија медиумите, се состои од меморадум за разбирање од една страница и 14 точки, во кој, меѓу другото, се предлага отворање на Ормускиот теснец, како и рамка за понатамошни разговори за нуклеарната програма на Иран.
Барањата на САД за нуклеарните разговори наводно вкклучувале мораториум за иранската нуклеарна програма за збогатување ураниум до 20 години, пренесување на збогатениот ураниум во трета земја, евентуално во САД и демонтирање на иранските нуклеарни постројки.
Според американскиот весник „Волстрит журнал“, иранскиот контрапредлог содржел пократок мораториум, извоз на дел од залихите на збогатениот ураиум, разредување на остатокот, додека во однос на постројките Техеран одбил било какво нивно демонтирање.
Кратко по објавите на медиумите, Трамп синоќа се огласи на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social), наведувајќи дека тоа што го прочитал е целосно неприфтливо.
„Тукушто го прочитав одговорот од т.н. ‘претставници’ на Иран. Не ми се допаѓа, целосно е неприфатлив“, наведе американскиот претседател во објавата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата