Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтер го потресе јужен Перу, објави Националниот сеизмолошки центар.
Епицентарот бил на длабочина од околу 66 километри во покраината Паринакочас, департман Ајакучо, околу 800 километри јужно од главниот град Лима.
Засега нема извештаи за жртви, а според првичните видеа што се споделуваат, има материјална штета.
Луѓето по потресот излегоа на улиците.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата