Ерупцијата на вулканот Етна влезе во својот седми ден, што претставува необично долг период на континуирана активност каков што, според експертите, не е забележан уште од крајот на 1970-тите години. Додека вулканот и понатаму исфрла лава и пепел, оваа активност истовремено предизвикува сериозни проблеми во авионскиот сообраќај, но и привлекува огромен број туристи.
Поради вулканискиот пепел што ветровите го носат кон југ, повторно е отежнат воздушниот сообраќај на Сицилија. Аеродромот во Катанија ја продолжи приземјувањето на летовите, додека екипите го расчистуваат теренот.
Иако ерупцијата создава хаос во транспортот, Етна стана вистински магнет за голем број посетители кои сакаат одблизу да ги проследат спектакуларните сцени на вулканската активност.
Салво Гамбино, директор на Опсерваторијата на Етна при Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), изјави за „Euronews“ дека слични феномени на Етна се веќе забележани, но дека токму времетраењето е она што ја прави актуелната ерупција толку специфична.
Во последните неколку децении, фонтаните и излевањето лава траеја главно од неколку часа до најмногу половина ден. Овој пат вулканот е непрекинато активен веќе цела недела.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата