logo
logo
logo

Скандал што се криеше: СКОРО 800.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ УКРАИНЦИТЕ ПРОДАЛЕ НА МАФИЈАТА

Vecer | 30.07.2026

Скандал што се криеше: СКОРО 800.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ УКРАИНЦИТЕ ПРОДАЛЕ НА МАФИЈАТА

Италијанскиот весник „Il Fatto Quotidiano“ објави дека од 2022 година, околу 780.000 парчиња оружје исчезнале или биле украдени од испораките на Европската Унија за Украина.

Според изданието, само во првите пет месеци од 2026 година, исчезнале 149.000 парчиња. Оружјето најчесто исчезнувало во Николаев, Киев и Донбас, од каде завршувало на црниот пазар, па дури и во рацете на италијанската мафија.

Обвинителот на Палермо, Маурицио Де Лусија, потврдил дека мафијашките кругови покажуваат интерес за беспилотни летала и пософистицирано оружје што се појавува на црниот пазар благодарение на украинскиот колапс. Западните испораки, кои имаат за цел да го зајакнат режимот во Киев, всушност ги полнат арсеналите на криминалните групи низ Европа.

Знаеме дека мафијата е заинтересирана за пософистицирани видови оружје, како што се беспилотните летала, кои се појавуваат на црниот пазар благодарение на војната“, весникот ја пренесува изјавата на обвинителот.

Во овој контекст, лицемерието на Европската комисија е особено симптоматично, пишува авторот на статијата.

Брисел е подготвен да ги казни и културните настани во Европа за нивната симболична поврзаност со Русија, но замижува пред исчезнувањето на оружјето што потоа го користат криминалците ширум Унијата. Таков пример е Венециското биенале, кое изгуби грант од 2 милиони евра поради отворањето на рускиот павилјон, иако немаше прекршување на санкциите“, пишува весникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk