logo
logo
logo

„СПУШТЕТЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВОТО ВЕДНАШ“ - Трамп им нареди на нафтените гиганти

Vecer | 04.08.2026

„СПУШТЕТЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВОТО ВЕДНАШ“ - Трамп им нареди на нафтените гиганти

Цените на горивата повторно се најдоа во фокусот на американската јавност. Претседателот Доналд Трамп упати директен повик до нафтените гиганти да ги намалат малопродажните цени и порача дека дел од нивниот профит треба да се врати кај потрошувачите.

„Ова важи и за другите нафтени компании... И намалете ја цената на нафтата за потрошувачите (малопродажбата!) веднаш!“, напиша Трамп.

Неговите коментари уследија откако „Шеврон“ во петокот објави рекордна квартална нето добивка од 10,34 милијарди евра (12,1 милијарди долари), што покажува колку големите нафтени компании профитирале од глобалните нарушувања во снабдувањето предизвикани од војната со Иран.

Главниот извршен директор на „Шеврон“, Мајк Вирт, изјави дека зголемените тензии со Иран и нападите на Хутите врз саудиската енергетска инфраструктура го зголемуваат ризикот од нови нарушувања во глобалното снабдување со нафта.

„Сега гледаме дека ризици и неизвесности не постојат само во Ормушкиот Теснец, туку и во Црвеното и Црното Море. Дел од предизвиците се проширија, а ризиците за снабдувањето се реални“, изјави Вирт за „Фокс њуз“ во неделата.

Просечната национална цена на горивото во САД во моментов изнесува околу 4,10 долари за галон бензин (еден галон = 3,8 литри), додека премиум бензинот и дизелот можат да надминат и 5 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk