logo
logo
logo

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА: ЕУ со најобемни санкции за Русија досега

Vecer | 17.08.2026

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА: ЕУ со најобемни санкции за Русија досега

Европската Унија подготвува нов, најобемен пакет санкции против Русија од почетокот на војната во Украина, кој се очекува да биде претставен оваа есен. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, најави дека со новите мерки бројот на санкционирани руски субјекти ќе се зголеми за една третина, со цел дополнително да се ослабне руската воена машинерија и да се зголеми економскиот притисок врз Москва.

Новите санкции, според најавите, треба дополнително да ја изолираат Русија и да ги ограничат каналите преку кои се финансира војната, додека Брисел испраќа порака дека притисокот ќе продолжи сè додека Кремљ не ги прекине воените операции во Украина.

Новиот пакет што го најави Европската Унија предвидува проширување на црната листа со голем број нови поединци и правни субјекти. Според Каја Калас, по усвојувањето на оваа одлука, вкупниот број на санкционирани руски субјекти веднаш ќе се зголеми за една третина.

Калас за германскиот весник „Ди Велт“ изјави дека претходните казнети мерки веќе и нанеле огромна финансиска штета на Москва, ускратувајќи му на нејзиниот воен буџет износ поголем од еден трилион евра. Сегашниот предлог има цел уште повеќе да ги стегне економските синџири што ја финансираат војната.

Оваа најава доаѓа по одлуката од јули, кога Брисел го одобри претходниот пакет санкции насочен пред сè кон рускиот банкарски сектор и мрежите поврзани со трговија на криптовалути.

Иако точниот датум на влегување во сила и сите специфични детали од новиот пакет сè уште не се официјално објавени, пораката од Брисел е јасна: санкциите ќе се прошируваат сè додека Кремљ не ги прекинат сите воени операции во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk