Најмалку две лица го загубија животот, а четири се борат за живот по драматичното уривање на трокатна станбена зграда во њујоршкиот кварт Бруклин, кое се случи вчера околу 16 часот по локално време. Во несреќата се повредени уште дванаесет граѓани, меѓу кои има и најмалку седум деца, како и еден пожарникар.
Очевидци сведочат дека непосредно пред конструкцијата да се претвори во огромна купишта бетон и тули, се слушнале два силни татнежи, а според првичните сознанија и градската документација, на парцелата веднаш до објектот веќе подолго време се изведувале градежни работи.
Спасувачките екипи со помош на кучиња трагачи цела ноќ го пребаруваа теренот стравувајќи дека има уште затрупани станари, при што успеаја да извлечат живи мајка со две мали деца и жена во шестата недела од бременоста. Потресни сведоштва го опишаа моментот на трагедијата кога станарка успеала телефонски да го повика својот сопруг од под урнатините барајќи помош за нивните деца пред да се прекине врската, по што за среќа сите тројца беа безбедно извлечени. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изрази длабоко сочувство и ги повика граѓаните на солидарност со погодените семејства, додека истрагата ги утврдува точните причини за колапсот на објектот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата