logo
logo
logo

Американскиот пратеник Виткоф денеска во Москва ќе разговара со Путин за мировниот план за Украина

Vecer | 02.12.2025

Американскиот пратеник Виткоф денеска во Москва ќе разговара со Путин за мировниот план за Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Виткоф треба да се сретне со претседателот Владимир Путин попладне, пренесоа вчера руските медиуми.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно го потврди патувањето на пратеникот, но не даде други детали за средбите.

Посетата следува по состанокот во Флорида во неделата меѓу американските претставници и украинската делегација, кои известија дека е постигнат напредок, но нагласија дека сè уште претстои значителна работа.

Дискусиите се фокусираат на предлогот од 28 точки поддржан од САД за завршување на војната, што  трае повеќе од три и пол години, потсетува ДПА.

Планот е критикуван од многу набљудувачи како „руска листа на желби“.

Европските партнери и Украина оттогаш преработија делови од предлогот со американските претставници, иако неколку точки остануваат спорни, пренесува германската агенција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk