logo
logo
logo

НЕПРИЈАТНО ДОБРЕДОЈДЕ ЗА МАКРОН ВО ШПАНИЈА - Сенатот го урна договорот за пријателство

Vecer | 30.09.2026

НЕПРИЈАТНО ДОБРЕДОЈДЕ ЗА МАКРОН ВО ШПАНИЈА - Сенатот го урна договорот за пријателство

Шпанскиот Сенат, контролиран од опозициската десница, го отфрли договорот за пријателство помеѓу Шпанија и Франција додека францускиот претседател Емануел Макрон беше во посета на Мадрид.

Сто четириесет и двајца сенатори од десничарската Народна партија и од ултрадесничарската партија Вокс“ гласаа против ратификацијата на договорот, додека 106 сенатори, главно претставници на Шпанската социјалистичка работничка партија на премиерот Педро Санчез, ја поддржаа ратификацијата.

Гласањето во Сенатот се одржа во исто време со свечената вечера што ја приредија шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција во чест на Макрон.

Договорот беше потпишан во Барселона во јануари 2023 година од страна на Макрон и Санчез. Подоцна, тој беше ратификуван од Долниот дом на шпанскиот парламент и од двата дома на францускиот парламент.

Шпанската Народна партија се противи на одредбата во договорот со која се бара член на владата од едната земја да биде поканет на седница на владата на другата земја најмалку еднаш на секои три месеци.

Франција има слични договори за пријателство со Германија, Италија и Полска.

Шпанија има слични договори само со Португалија и Мароко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk