Едно лице загина, а десетмина се поврдени во тешка сообраќајна несреќа во Романија, во која учествувал минибус со фудбалери од вториот тим на Динамо Букурешт. Несреќата се случила во местото Кампулунг, откако 83 - годишниот возач, според првичните информации, доживеал срцев удар, по што изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.
Од силниот удар, едно лице го загубило жвитото, додека десетмина патници биле повредени и итно пренесени на лекарска помош. Спасувачките екипи веднаш пристигнале на местото на несреќата, а надлежните служби започнаа истрага за да ги утврдат сите детали за трагичниот настан.
Во минибусот се наоѓале 16 лица. На местото на несреќата животот го загубил членот на медицинскиот тим Константин Ковачиу, додека сите повредени се пренесени во болница. Фудбалерите и членовите на стручниот штаб се надвор од животна опасност, а тренерот на вториот тим Адријан Ропотан се здобил со скршеници на двете раце.
Од Динамо Букурешт изразија сочувство до семејството на Ковачиу, истакнувајќи дека со години бил важен дел од медицинскиот тим на клубот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата