logo
logo
logo

ПОРАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ГЕРМАНИЈА, повеќе од 3 милиони на улица

Vecer | 03.08.2026

ПОРАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ГЕРМАНИЈА, повеќе од 3 милиони на улица

Бројот на невработени лица во Германија во јули се зголеми за 71.000, со што ја надмина границата од три милиони и достигна 3,007 милиони, покажуваат најновите податоци на Сојузната агенција за вработување.

Со ова се прекинаа очекувањата за евентуална стабилизација на пазарот на труд. Во споредба со истиот месец минатата година, регистрирани се 28.000 повеќе лица без работа. Стапката на невработеност порасна за 0,2 процентни поени во однос на претходниот месец и сега изнесува 6,4 отсто.

Агенциите за вработување уште претходно дадоа сигнал дека на среден рок се очекуваат отежнати услови на пазарот. Невработеноста во земјата бележи континуиран раст во изминатите четири години. Во јуни беа евидентирани 2.936 милиони невработени, што беше за 22.000 повеќе споредено со истиот период минатата година.

Сезонскиот раст на невработеноста во јули е вообичаена појава бидејќи во повеќето германски сојузни покраини започнува летниот училиштен распуст. За споредба, минатата година во истиот месец бројот на невработени се зголеми за 65.000.

Истражувачите на пазарот на труд посочуваат дека до неодамна отворањето нови работни места во повеќе сектори и општиот раст на вработеноста служеле како заштитен механизам наспроти растот на невработеноста, но тој заштитен слој сега е целосно исчезнат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk