Двете страни преку видео-врска разговараа за аранжман за взаемно намалување на царините – кој опфаќа стоки во вредност од 30 милијарди долари од секоја страна – како и за трговијата со земјоделски производи и други прашања, објави весникот *Global Times*. Во своето соопштение, кинеското Министерство наведе дека разговорите биле искрени и конструктивни.
„Двете страни ќе продолжат да го користат овој совет за решавање на трговските прашања, проширување на соработката и намалување на преостанатите проблеми“, се додава во соопштението.
Хе Јадонг, портпарол на кинеското Министерство за трговија, претходно изјави дека взаемното намалување на царините би можело да помогне во стабилизирање и проширување на вкупната трговија меѓу Кина и Соединетите Држави.
Тој нагласи дека двете страни остануваат во близок контакт во врска со спроведувањето на договорот и го повика Вашингтон да соработува со Пекинг за да се осигура дека оваа трговска рамка наскоро ќе стапи на сила, со што ќе се олесни трговијата со земјоделски производи, пренесува Танјуг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата