logo
logo
logo

САД ги откажаа нападите

ПРЕСВРТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК - Неверојатен потег на Трамп

Vecer | 03.08.2026

ПРЕСВРТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК - Неверојатен потег на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почнат нови преговори со Иран, откако, како што рече, ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си.

„Знаеа колкав ќе биде нападот бидејќи видоа дека се подготвува. Зборуваме со нив во форма на преговори“, им изјави Трамп на новинарите во претседателскиот авион.

Тој на социјалната мрежа „Тру соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на Блискиот Исток побарале да се одложи нападот бидејќи постои можност за договор. Подоцна изјави дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, како и партнерите од Обединетите Арапски Емирати и Катар, побарале САД да не напаѓаат во текот на викендот.

„Сè беше подготвено. Побараа одложување затоа што мислат дека договор е можен. Постои договор околу Хормуз, а ќе има и за нуклеарната програма. Не сакам да убивам луѓе“, рече Трамп.

Иран засега официјално не одговори на неговите изјави. Полуофицијалната новинска агенција Мехр објави дека Техеран не побарал одложување на американските воени активности и оценува дека тврдењата на Трамп се „ништо друго освен нова лага“.

По изјавата на Трамп, цените на нафтата паднаа на азиските пазари. Суровата нафта „брент“ поевтини за 4,5 проценти, а американската сурова нафта за 4,6 проценти. Трамп не откри каде ќе се одржат разговорите ниту кој ќе учествува во нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk