logo
logo
logo

УШТЕ ЕДНА КАТАСТРОФА ЗА МЕРЦ - Нова победа на АФД

Vecer | 21.09.2026

УШТЕ ЕДНА КАТАСТРОФА ЗА МЕРЦ - Нова победа на АФД

Германската политичка сцена е во целосен пламен откако локалните избори во две покраини се претворија во директен референдум за опстанокот на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Наместо за регионални теми, вниманието на јавноста беше насочено кон судбината на владата, чиј рејтинг падна во слободен пад поради експлозивниот подем на крајно десната Алтернатива за Германија (АфД).

Според излезните анкети од изборите во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, АфД оствари сензационална победа во Мекленбург со освоени 37 отсто од гласовите, оставајќи ги зад себе социјалдемократите (СПД) со 35,5 отсто, додека демохристијаните на Мерц (ЦДУ) доживеаја катастрофа, паѓајќи на мизерни 5,5 отсто. Во Берлин пак триумфираше крајно левата Ленке со 24,5 отсто, додека ЦДУ освои 20, а АфД 16 отсто. Овие резултати доаѓаат само две недели откако АфД оствари историска победа во Саксонија-Анхалт, обидувајќи се да формира власт за првпат по падот на нацистите.

Мерц: „Резултатот е катастрофа, но јас останувам“

Соочен со немилосрдните бројки и барањата за негова оставка кои стигнуваа од сите страни, па дури и од сопствените редови, канцеларот Фридрих Мерц итно го откажа патувањето за Њујорк и се обрати од централата на ЦДУ во Берлин.

– Изборниот резултат во Мекленбург-Западна Померанија е катастрофа. ЦДУ беше „самлена“ меѓу острите клешти на СПД и АфД – призна Мерц пред новинарите, додавајќи дека мирот, слободата и благосостојбата во земјата се сериозно загрозени.

И покрај тоа што само секој десетти Германец му дава поддршка, а аналитичарите го обвинуваат за неуспехот во борбата против десниот екстремизам и липсата на реформи, Мерц категорично ги отфрли шпекулациите за оставка. – Избран сум на четири години и сакам да го искористам тој мандат за да ја извезам земјата од ова тешко раздобје. Реформите мора да дојдат и јас преземам целосна одговорност за нив – порача германскиот канцелар.

Опасно зголемување на поларизацијата

Анализите на национално ниво покажуваат дека германското општество е подложено на длабока поларизација. Збирените податоци говорат дека радикалните опции – како АфД, Ленке и новата партија БСВ – заедно уживаат доверба од неверојатни 44 отсто од германските гласачи. Додека АфД бара строга контрола на миграцијата, депортации и свртување кон проруска надворешна политика, државните институции сè погласно ја третираат како сериозна закана за демократскиот поредок во земјата, додека политичкиот опстанок на Мерц виси на конец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk