logo
logo
logo

СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ! Поранешен премиер е под истрага, се испитува период од дури и десет години

Vecer | 04.10.2026

СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ! Поранешен премиер е под истрага, се испитува период од дури и десет години

Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштат е под истрага на белгиските федерални обвинители поради начинот на кој ја надгледувал работата на практикантите во Европскиот парламент додека бил шеф на либералната парламентарна група.

Истрагата, за која првпат објави белгиското списание „Кнак“, наводно е започната оваа година. Таа се фокусирала на периодот од 2009 до 2019 година, кога Верхофштат претседавал со групата на Алијансата на либерали и демократи за Европа (ALDE) во Европскиот парламент. По европските избори во 2019 година, оваа група била наследена од политичката група „Renew Europe“.

Службеник на ЕУ запознаен со случајот, кој побарал да остане анонимен за да може слободно да зборува, потврдил за „Политико“ дека Верхофштат е под истрага поради начинот на кој ги надгледувал практикантите во Европскиот парламент. Според него, истрагата ја иницирале Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) и Европското јавно обвинителство (EPPO), но сега ја спроведуваат белгиските власти во име на тие институции на ЕУ.

Адвокатите што го застапуваат Верхофштат, Кристин Муше и Квинтен де Керсмакер, изјавија за Кнак дека OLAF побарала од нивниот клиент информации за надзорот на неколку практиканти.

„Станува збор за надзор на одреден број практиканти во кој тој, како претседател на пратеничката група, лично не учествувал“, изјавија адвокатите.

Верхофштат сè уште не е сослушан

Тие додадоа дека Верхофштат сè уште не е испрашуван и дека во моментов нема конкретни обвиненија против него.

„Тој целосно соработува со OLAF и ги даде бараните објаснувања на целосно транспарентен начин“, нагласија неговите адвокати.

Верхофштат одби да коментира понатаму за случајот. Портпаролката на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител, Тина Холевот, изјави дека, по правило, таа институција не коментира за тековните истраги ниту јавно потврдува на кои случаи работи, за да не се загрозат постапките и нивните исходи.

Кој е Ги Верхофштат?

Верхофстат беше премиер на Белгија од 1999 до 2008 година, а од 2009 до 2024 година беше член на Европскиот парламент. Тој се смета за еден од најистакнатите поборници за европска интеграција и го претставуваше Европскиот парламент за време на преговорите за Брегзит по референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ во 2016 година.

Тој го напушти Европскиот парламент во 2024 година и моментално е претседател на одборот на директори на Европското меѓународно движење, кое се залага за европска интеграција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk