Рускиот лидер истакна дека би сакал трилатералните средби со лидерите на Кина и на Соединетите Држави да продолжат, оценувајќи ја денешната средба како нова страница во историјата. Тој исто така рече дека трилатералната средба, одржана во Шенжен на маргините на самитот на АПЕК, била многу корисна, а дискусијата – слободна и искрена.

По протоколарниот дел од трилатералната средба започна слободна размена на мислења, изјави Путин, додавајќи дека со лидерите на САД и на Кина, Трамп и Си, разговарал и за можната реформа на Обединетите нации.
Путин се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Соединетите Држави, наведувајќи дека таа е сложена, со многубројни противтежи и механизми за одржување на рамнотежата на политичката моќ. На средбата, исто така, се разговараше за прашања поврзани со обезбедувањето слободна пловидба, рече Путин.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата