Милијарди под површината

КАСПИСКОТО МОРЕ – Следната експлозивна точка на светската криза

Vecer | 04.08.2026

КАСПИСКОТО МОРЕ – Следната експлозивна точка на светската криза
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Неодамнешниот украински напад со беспилотни летала врз ирански трговски брод во водите на Каспиското Море ја шокираше и ја збуни светската јавност.Фокусот на геополитичката криза е на област која долго време се сметаше за безбедна зона.

Сепак, ова воено диверзија е само врвот на ледениот брег. Под мирната површина на најголемото затворено површинско водно тело напланетата се крие баснословно богатство: резерви на ултра лесна висококвалитетна нафта и природен гас, околу кои веќе се вплетуваат мрежина најмоќните светски сили.

Oва море го контролираат Русија, Иран, Казахтан, Азербејџан и Туркменистан.Главната битка за овој регион е што е полн со нафта и гас.

Зошто е важно Каспиското море

Касписко Езеро или Касписко Море — најголемата затворена водна површина на земјата. Има предности во однос на езерото поради својата географска положба и затвореност. Зафаќа површина од 371.000 км2 и површина од 78.299 км3. Тоа е непроточна површина и лежи на површината помеѓу Русија и Северен Иран. Неговата најголема длабочина е 1.025 метри. Наречено е море бидејќи први го откриле Римјаните, кои ја пробале водата и ја сметале за солена, па затоа заклучиле дека е море. Има соленост на водата од 1,2%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk