КРЕМЉ НАЈАВИ: Ќе разговараме за крајот на војната во Украина БЕЗ ЕВРОПЕЈЦИТЕ

Vecer | 09.11.2026

КРЕМЉ НАЈАВИ: Ќе разговараме за крајот на војната во Украина БЕЗ ЕВРОПЕЈЦИТЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Кремљ денес објави дека мировните преговори за Украина, кои се одржуваат оваа недела во Абу Даби, ќе се водат меѓу претставници на Русија, Украина и САД, без учество на европски претставници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, со тоа му противречи на францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој вчера изјави дека француски претставници ќе учествуваат во преговорите на 10 и 11 ноември. Целта на преговорите е да се рестартираат дипломатските напори за завршување на војната во Украина, која започна со руската инвазија во 2022 година.

На состанокот треба да се разговара за можностите за завршување на војната во Украина, повоените безбедносни гаранции и деескалација на конфликтот.

Кремљ: Европејците нема да учествуваат во преговорите

„Она што ќе се случи во следните неколку дена во Абу Даби се трилатерални преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД“, изјави Песков пред новинарите. Тој додаде дека Украина и САД имаат свои начини на комуникација со европските партнери.

„Што се однесува до присуството на Европејците, Американците имаат свои комуникациски канали со Европејците, а и Украинците имаат свои канали“, рече Песков за време на редовното обраќање пред новинарите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека пред преговорите во Абу Даби разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и дека ги усогласиле своите ставови.

„Урсула и јас ги усогласивме и нашите ставови на состанокот во Абу Даби. Правиме сè за трилатералниот формат да донесе резултати“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk