“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Vecer | 16.08.2026

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност.

Тој јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден и тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на нападите врз Газа.

– Не е тајна дека не се сложувам со премиерот. Мислам дека во Газа треба да се спроведуваат целни убиства, ликвидирање на 30 до 40 луѓе секоја ноќ. Не само оние кои се непосредна опасност – таму има и луѓе кои не се достојни за живот. Не би требало да живеат. Тие не се дури ниту луѓе, рече тој.

Тој нема авторитет над израелската војска и не може да наредува напади врз Газа, но е еден од највлијателните политичари во Израел.

Бен Гвир ја контролира полицијата и затворскиот систем, во кој се наоѓаат неколку илјади Палестинци од Газа и Западниот Брег.

Според Бен Гвир, Палестинците треба да бидат протерани од Газа.

- Јас ја гледам цела Газа како наша. Треба да се охрабрат што е можно повеќе жители на Газа да емигрираат, да ги испратат во нивните земји. Нема емиграција за терористи, тие само треба да бидат убиени еден по еден, рече Бен Гвир.

Слични изјави на Бен-Гвир и други израелски официјални лица порано беа осудувани. Во повеќе наврати се доставувани до Меѓународниот суд за правда на ОН како доказ за геноцидни намери.

*Ben Gvir: "I See All Of Gaza As Ours"*

National Security Minister Itamar Ben Gvir spoke on a podcast with Rom Braslavski, who was kidnapped by Palestinian Islamic Jihad terrorists on October 7 and later freed from Gaza.

"In my imagination, I see all of Gaza as ours, with… pic.twitter.com/OZJSfgLXF1

— Israel Now (@neveragainlive1) August 15, 2026

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk