logo
logo
logo

УЧИЛИШТА ПОД КЛУЧ, СУДИРИ СО ПОЛИЦИЈАТА: Ескалација на ученичките протести во Франција

Vecer | 02.10.2026

УЧИЛИШТА ПОД КЛУЧ, СУДИРИ СО ПОЛИЦИЈАТА: Ескалација на ученичките протести во Франција

Се очекува денеска во Франција да останат затворени околу 400 училишта, откако протестите на учениците – поттикнати од проблеми во образовниот систем – во некои области прераснаа во насилство.

„Според информациите со кои располагам, ќе бидат затворени нешто повеќе од 400 училишта и други образовни установи“, изјави синоќа за телевизискиот канал „Франс 2“ (France 2) Едуар Жефре, претставник на француското Министерство за образование.

Според извор близок до премиерот Себастиен Лекорну, разузнавачките служби на кризниот состанок во четвртокот известиле дека протестното движење било поттикнато од крајната левица, вклучително и од членови на партијата „Непокорна Франција“ (LFI).

Пратеникот од LFI, Луј Бојар, ги отфрли овие тврдења во изјавите за француските медиуми.

Насилството е во пораст низ Франција

Протестите поради недостигот на наставници и дотраените училишни згради избија во областа на Париз минатиот месец, но станаа сè понасилни како што се ширеа низ земјата.

Десетици луѓе се повредени, а полицијата уапси стотици демонстранти.

Во четвртокот, учениците подметнаа пожари во најмалку две средни училишта, додека во трето училиште во јужниот град Марсеј, наставници биле случајно испрскани со бензин, соопштија надлежните.

Во Стразбур, на истокот од земјата, бил запален најмалку еден автомобил, а во Тулуз, на југозапад, полицијата за разбивање немири се судрила со млади луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk