logo
logo
logo

Трагедија кај Сеута

(Видео) Фатален обид - МИГРАНТ СЕ ОБИДЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО СЕУТА СО ПАРАГЛАЈДЕР, се урна и загина

Vecer | 10.08.2026

(Видео) Фатален обид - МИГРАНТ СЕ ОБИДЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО СЕУТА СО ПАРАГЛАЈДЕР, се урна и загина

Млад мигрант од супсахарска Африка го загуби животот во петокот наутро при застрашувачки обид илегално да влезе во шпанската енклава Сеута со помош на параглајдер. Леталато се урнало во морето, а неговото тело подоцна било извлечено од припадниците на шпанската Граѓанска гарда, потврдија официјални извори за агенцијата ЕФЕ, пренесува „Ел Мундо“.

Трагедијата се случила околу 8 часот наутро кога граничните служби забележале лице на параглајдер како му се приближува на градот од правец на планинската област Бензу, во северниот залив.

Според првичните сознанија од истрагата, мигрантот имал намера да слета во близина на северната граница, но најверојатно загубил контрола врз леталото и паднал во водата. Спасувачките екипи на Граѓанската гарда брзо пристигнале на местото сепак надевајќи се дека момчето е живо, но медицинските лица можеле само да констатираат смрт. Телото потоа било пренесено во просториите на Поморската служба.

Од Граѓанската гарда наведуваат дека и претходно биле забележани поединечни обиди за илегален влез во Сеута со параглајдери, особено од изминатата година наваму.

При ваквите обиди веќе се случиле неколку несреќи, а како главна причина за тоа се посочува неискуството на лицата кои управуваат со овие летала. Сепак, ова е прв регистриран случај во кој обидот за преминување на границата на овој начин завршува со смртен исход.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk