Мароканските сили спречија нов масовен бран мигранти кон шпанската енклава Сеута

Vecer | 15.08.2026

Мароканските сили спречија нов масовен бран мигранти кон шпанската енклава Сеута
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Околу триесетина лица, главно субсахарски мигранти, беа пресретнати од страна на мароканските безбедносни сили на периферијата на Фнидек, по обид за илегален премин на границата со шпанскиот град Сеута.

Според пишувањето на агенцијата ЕФЕ, приведувањата биле забележани во планинското подрачје во околината на Фнидек, каде што мароканските безбедносни сили спречиле масовен обид за премин во Сеута од страна на неколку стотици мигранти.

Големо безбедносно распоредување

Многумина од задржаните носеле алат кој наводно требало да им помогне да ја прескокнат граничната ограда на шпанската енклава во северна Африка. Во текот на денот се случиле неколку обиди за масовен премин, главно на суссахарски мигранти, кои мароканските безбедносни сили ги спречиле.

Припадниците на полицијата, во придружба на кучиња, и понатаму се распоредени на периферијата на Фнидек за да ги лоцираат групите мигранти скриени во таа зона.

Илјадници припадници на безбедносните сили учествуваат во операцијата што Рабат ја организираше за да го спречи масовниот премин во Сеута, закажан за оваа сабота преку социјалните мрежи, а по трагедијата од 30 и 31 јули кога повеќе десетици илјади луѓе пешки и пливајќи преминаа во шпанската енклава, при што загинаа најмалку 141 лице, според податоците на хуманитарните организации.

🔴 #ÚLTIMAHORA Cientos de inmigrantes se preparan para asaltar Ceuta. Desde Castillejos, cientos de inmigrantes se dirigen hacia Ceuta para volver a cruzar el espigón del Tarajal.

📍Informa @joanguirado desde la ciudad autónoma

🔗 https://t.co/94ygyUMWWY pic.twitter.com/RJDbU2cufI

— ABC.es (@abc_es) August 15, 2026

Нормализација на шпанските граници

Првите часови од оваа сабота поминаа мирно на шпанската граница меѓу Сеута и Мароко, која е во состојба на подготвеност со силно присуство на безбедносните сили.

Немаше тензии ниту во Мелиља, вториот шпански град во северна Африка кој исто така се граничи со Мароко, иако и таму е распореден поголем полициски контингент. Ноќта во Сеута помина со густа магла во граничното подрачје, без значајни движења на луѓе кон оградата и брегот на Сеута до овој момент.

На шпанската страна и понатаму се активирани бројни единици на Цивилната гарда и Националната полиција, подготвени да интервенираат и да реагираат на секој обид за масовен влез, како што се случи кон крајот на јули во областа Тарахал, кога преминаа 80.000 луѓе, според податоците на шпанската влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk