Првата рудна разговори меѓу високите преставници на Соединетите Американски Држави (САД) и Иран во Швајцарија завршија денеска, соопштија медијаторите во процесот, кој започна тензично со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормускиот теснец и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за можни нови напади, објави Ројтерс.
Во заедничка изјава на земјите посреднички во преговорите – Катар и Пакистан се вели дека САД и Иран се согласиле на патоказ за конечен договор во рок од 60 дена. Разговорите на техничко ниво ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар.
Двете земји земји посреднички оценуваат дека првата рунда преговори меѓу САД и Иран за постигнување конечен договор за ставање крај на војната завршила со охрабрувачки напредок.
Според извештаите, кои се повикуваат на соопштението, двете страни се согласиле на механизам за прекин на борбите меѓу Израле и Хезболах во Либан и отворање комуникациска линија за да се осигура безбеден премин за комерцијалните бродови низ Ормускиот теснец.
Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, која ја предводи американската делегација, вчера ги започна разговорите со иранските претставници според условите на меморандумот за разбирање постигнат минатата недела, кој предвидува продолжување на примирјето од април за најмалку 60 дена, а дискусиите, како што пренесе Ројтерс, продолжиле до раните утрински часови денеска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата