logo
logo
logo

23 загинати, илјадници евакуирани на Филипините поради поплави и свлечишта

Vecer | 17.08.2026

23 загинати, илјадници евакуирани  на Филипините поради поплави и свлечишта

Тропските циклони Луис и Мејмеј го поплавија островот Лузон, илјадници луѓе се во привремени засолништа на Филипините, додека пак има најмалку 23 загинати од обилните дождови.

Силните поплави и свлечишта предизвикани од појачаниот југозападен монсун и тропските циклони Луис и Мејмеј. Обилните дождови ги поплавија сите поголеми речни корита, а најтешко се погодени регионите на островот Лузон и делови од Висајас, соопшти денеска Националното виеќе за намалување и управување со ризици од катастрофи (NDRRMC).

Реките се излија од коритата за само неколку часа, блокирајќи ги главните патни правци и оставајќи цели населени места изолирани. Локалните власти и спасувачките тимови спроведуваат итни акции за евакуација на граѓаните, додека илјадници се сместени во привремени прифатни центри.

Покрај човечките жртви, невремето нанесе сериозна штета врз локалната инфраструктура. Во повеќе покраини се уништени патишта, мостови и земјоделски површини, а во повеќе загрозени региони има прекини во снабдувањето со електрична енергија и питка вода.

Филипините се меѓу најизложените земји во светот на природни непогоди, каде што годишно минуваат во просек околу 20 тропски бури и тајфуни. Со оглед на тоа што земјата сè уште ја пребројува штетата од циклоните Луис и Мејмеј, надлежните служби предупредуваат дека ризикот од дополнителни свлечишта останува висок поради презаситеноста на почвата со вода.

Екипите за процена на штетите продолжуваат со работа на терен, додека хуманитарните агенции ги доставуваат првите пакети со помош за загрозените семејства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk