ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА ДОПРВА ПОЧНУВА - За почеток, повеќе од 270.000 на протести!

Vecer | 06.11.2026

ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА ДОПРВА ПОЧНУВА - За почеток, повеќе од 270.000 на протести!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Франција се соочува со најголемите граѓански немири во последните неколку години. Во Париз, Лион, Рен и повеќе други градови ширум земјата во четвртокот се одржаа масовни протести и еднодневен штрајк во јавниот сектор, организирани поради ескалацијата на трошоците за живот, состојбата во образованието и социјалните услуги.

Според Министерството за внатрешни работи, на протестите низ земјата излегоа најмалку 270.000 луѓе, не сметајќи го Париз. Иако собирите започнаа во мирна и протоколарна атмосфера, набрзо ескалираа во судири со полицијата. Во Париз и Лион полициските сили беа принудени да употребат солзавец против групи демонстранти, а во близина на Тулуз избувна и пожар во средно училиште откако биле фрлени пиротехнички средства.

Штрајкот доведе до привремено затворање на Ајфеловата кула, редукција во производството на електрична енергија во француските нуклеарни централи, како и одвивање на наставата со намален капацитет поради учеството на над 15 проценти од наставниците. Синдикатите порачуваат дека ова е само почеток на новиот бран притисоци врз претседателот Емануел Макрон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk