МОСКВА И МИНСК СО ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Подготвени сме да употребиме и нуклеарно оружје!

Vecer | 09.06.2026

МОСКВА И МИНСК СО ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Подготвени сме да употребиме и нуклеарно оружје!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Заменикот-министер за надворешни работи на Русија, Михаил Галузин, денеска изјави дека Русија и Белорусија се подготвени да ги искористат сите расположливи средства, вклучувајќи го и нуклеарното оружје, со цел „заштита на Сојузната држава“.

Тој истакна дека воената и безбедносната соработка меѓу Москва и Минск континуирано се унапредува, како и дека двете земји остануваат подготвени да применат „секакви мерки“ за да ја зачуваат својата безбедност, пренесува Спутник.

Истовремено, Галузин упати директни обвинувања до НАТО за, како што рече, провокативно засилување на воените сили во близина на границите на Сојузната држава Русија и Белорусија. Според неговите зборови, во тоа подрачје континуирано се одржуваат воени вежби, а забележан е и сериозен пораст на инциденти со беспилотни летала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk