logo
logo
logo

Иран изврши напади врз американски бази во Јордан, Кувајт и Бахреин

Vecer | 10.06.2026

Иран изврши напади врз американски бази во Јордан, Кувајт и Бахреин

Иран рано утрово изврши напади врз американски воени бази во Кувајт, Бахреин и Јордан, како одговор на претходните американски воени дејствија, со што дополнително се зголемија тензиите на Блискиот Исток и се намалија изгледите за брз дипломатски договор меѓу Вашингтон и Техеран, пренесува Си-ен-ен.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека цел на нападите биле американската база „Ал Азрак“ во Јордан, базата „Али Ал Салем“ во Кувајт и седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.

Според иранските државни медиуми, Техеран му порача на Вашингтон дека е подготвен решително и разорно да одговори на секоја нова американска воена акција.

Јорданските вооружени сили соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани кон базата „Ал Азрак“. Армијата наведе дека остатоци од проектилите паднале на јорданска територија, но нема информации за жртви или материјална штета.

Во Бахреин во текот на ноќта беа активирани сирени за воздушна опасност, откако Иран објави дека ја таргетирал американската Петта флота со седиште во Манама. Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните да побараат засолниште и да ги следат упатствата на надлежните служби.

Дополнително внимание предизвикаа снимките што покажуваат моќен блесок во правец на базата на Петтата флота на САД. Според достапните информации, блесокот е снимен само неколку минути откако биле активирани сирените за аларм.

Во меѓувреме, кувајтската армија соопшти дека системите за воздушна одбрана дејствувале против непријателски воздушни цели над територијата на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk