logo
logo
logo

СЕГА Е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ: Во Франција ќе биде изложен дијамант кој пред 100 години крадците го скриле во јаболко

Vecer | 18.10.2026

СЕГА Е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ: Во Франција ќе биде изложен дијамант кој пред 100 години крадците го скриле во јаболко

Редок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за прв пат откако беше украден пред речиси точно сто години, кога и последен пат беше прикажан на јавноста.

Кражба пред сто години

Деветкаратниот скапоцен камен во облик на круша, познат како „Гранд Конде“, беше украден во ноќен напад во замокот Шантили во октомври 1926 година, кога крадците го скрија во издлабено јаболко.

Дијамантот е еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеаја Француската револуција, а беше пронајден неколку недели подоцна, откако гладна слугинка во хотелот каде што престојуваа крадците го касна токму тоа јаболко.

Нова изложба во Музејот Конде

Дијамантот повторно ќе биде изложен во Музејот Конде во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матие Делдик, вели дека приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, но дека за неа во тоа време беше широко објавена во весниците.

Делдик не сакаше да открие за CNN за колку е осигуран дијамантот, но рече дека е спроведено обемно научно истражување за неговите својства за да биде единствено препознатлив. Резултатите од анализата, како и претходно невиден архивски материјал за историјата на дијамантите и кражбите, се дел од изложбата.

Ретки розови дијаманти

Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците од аукциската куќа „Сотби“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција била 71,2 милиони долари во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато.

Според записите од замокот Шантили, тој првпат е споменат во 1740 година во инвентарот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принц од Конде.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk