Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до Европската Унија, предупредувајќи дека Брисел ќе се соочи со „значителни“ царини поради, како што тврди, високите казни изречени за американските технолошки компании. Во објава на својата платформа Truth Social, Трам порача дека САД нема повеќе да бидат „Касичка“ за третман од страна на ЕУ.
Европската Унија повторно, како и обично, директно ги напаѓа ОДЛИЧНИТЕ американски компании! Откако ги казни Apple, без никаква причина, со 15 милијарди долари, Meta, 3 милијарди долари, Amazon со 2,5 милијарди долари и многу други, штотуку бевме информирани дека Google, навистина напредна и неверојатна компанија, е казнета со уште една милијарда долари, без објаснување. Со ова, вкупниот износ на Google се искачи на над 18 милијарди долари! Оваа нелегална и многу дискриминаторска практика започна во текот на првата година од поспаната администрација на Џо Бајден, но нема да продолжи за време на администрацијата на Трамп, наведува американскиот претседател.
Според Трамп, тоа е „грабеж“ на американските компании и на американските даночни обврзници.
– Европската Унија ќе плати многу висока цена за ова нелегално и многу неетичко однесување, за кое постојано ги предупредувам. Казните ќе бидат целосно поништени и, очекуваме, во најскоро време да им се наплати значителна ТАРИФА, напиша Трамп.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата