Кубанската национална електроенергетска мрежа доживеа колапс доцна во неделата, соопшти државната електроенергетска компанија, наведувајќи дека околу 10 милиони жители на оваа островска земја се во мрак. Компанијата Union Electrica de Cuba не изнесе дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи Х и Фејсбук, пренесува Ројтерс.
До најновиот прекин во снабдувањето дојде по три исчезнувања на струјата на ниво на целата земја во текот на јули, во момент кога е на сила американската блокада на увозот на нафта и блокадата на застарената енергетска инфраструктура на Куба. ТАСС наведува дека дури и во елитните населби на кубанската престолнина се чувствува непријатен мирис на скапана храна бидејќи ладилниците во малопродажните објекти не можат да издржат подолги периоди без струја, генераторите што ја одржуваат струјата често откажуваат поради големото оптоварување, а горивото за нив во моментов е доста тешко да се набави на Куба. Огромни купчиња ѓубре повторно се натрупаа по градските улици бидејќи нема доволно гориво за работа на камионите за ѓубре.
Покрај исчезнувањето на струјата, луѓето имаат проблеми и со водата и со комуникациите, па речиси е невозможно да се добие одговор на пораки или дури само да се контактира со некого по телефон. Додека летните одмори и празници се долго очекувани за многимина ширум светот, Кубанците велат дека со нетрпение го чекаат крајот на жешкото лето за малку да се разладат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата