logo
logo
logo

По договорот Путин-Трамп, ЕУ СО ГОЛЕМ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА

Vecer | 12.10.2026

По договорот Путин-Трамп, ЕУ СО ГОЛЕМ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија денеска усвоија спектакуларен пакет од речиси 1.600 нови поединечни санкции насочени директно кон рускиот војно-индустриски сектор, потврди шефицата на европската дипломатија, Каја Калас.

Објавувајќи ја веста на социјалната мрежа X, Калас нагласи дека станува збор за поединечно најголемо проширување на европската листа на санкции уште од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

– Повеќе од половината од новите санкции се директно поврзани со ланецот на производство на балистички проектили. На овој начин на Русија значително ѝ ја отежнуваме, успоруваме и ја поскапуваме производството на оружјето со кое се убиваат Украинците, порача Калас.

Строги забрани за патување и замрзнување на имотот

Како дел од новите ширења на рестриктивните мерки, Советот на ЕУ одлучи да го продолжи и рамковниот систем против ширење и употреба на хемиско оружје за дополнителни пет години, односно до 30 октомври 2031 година, додека самите поединечни санкции за 31 лице и шест правни субјекти се продолжени до крајот на октомври 2027 година.

Овие строги санкции вклучуваат замрзнување на имотот, при што на сите европски граѓани и компании им е стриктно забрането директно или индиректно ставање финансиски средства на располагање на лицата од црвената листа, а на опфатените поединци им останува во сила и целосна забрана за влез и патување на територијата на Европската Унија.

Претходно, во телефонски разговор, рускиот претседател Владимир путил и претседателот на САД, Доналд Трамп договорија испорака на дизел гориво за Америка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk