Украински државјанин е уапсен откако пет лица беа избодени со нож во бенедиктински манастир во Јарослав. Еден свештеник почина откако беше избоден за време на нападот во манастирот во Полска.
Пет лица, меѓу кои и тројца свештеници, беа повредени во нападот врз бенедиктинскиот манастир во Јарослав. Полицијата уапси 31-годишен Украинец кој носел нож.
Четворица мажи и една жена беа пренесени во болница. Тројцата мажи – за кои се известува дека се свештеници кои живееле во манастирот – се здобиле со тешки повреди.
Еден од свештениците што беа цел на нападот подоцна почина во болница, потврди полицијата од Јарослав за полскиот информативен портал „TVN24“. Полицијата останува на местото на настанот по интервенцијата извршена во четвртокот околу 9:30 часот наутро.
Градоначалникот на Јарослав, Марчин Назаревич, изјави дека градот активирал тим за кризно реагирање. Портпаролот на полицијата за Подкарпатското Војводство изјави:
„Полициски службеници од Јарослав приведоа 31-годишен украински државјанин кој со нож нападнал четворица мажи и една жена. Сите повредени се пренесени во болница, а тројца од мажите се здобиле со тешки повреди. Службениците работат на терен за да го утврдат точниот редослед на настаните и околностите поврзани со инцидентот.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата