Роберт Фицо ДОНЕСЕ УДАРНА ОДЛУКА - Силна порака до Брисел

Vecer | 07.11.2026

Роберт Фицо ДОНЕСЕ УДАРНА ОДЛУКА - Силна порака до Брисел
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Словачкиот премиер Роберт Фицо упати остри предупредувања до Европската Унија, најавувајќи нова тужба пред Судот на правдата доколку Брисел донесе одлука за целосна обустава на увозот на руска нафта. Фицо исто така ги обвини одделните европски лидери за обиди за уцена преку ускратување на европските фондови поради одбивањето на Братислава да ја финансира Украина, потсетувајќи дека Словачка ја има на располагање можноста за вето при гласањето за следниот седмогодишен буџет на Унијата.

Братислава веќе има активна тужба против Европската комисија поради програмата „REPowerEU“, која предвидува постепено и целосно укинување на увозот на руски природен гас до есента 2027 година. Фицо потенцираше дека ваквите мерки се донесени спротивно на интересите на земјите кои се најмногу зависни од руските енергенси, како Словачка и Унгарија. Дополнителен проблем за Братислава е тоа што словачката државна гасна компанија СПП има важечки долгорочен договор со руски „Гаспром“ кој истекува дури во 2034 година.

Премиерот на Словачка предупреди дека Европа веќе се соочува со сериозна енергетска криза, високи цени на струјата и горивата и ризик од дестабилизација на снабдувањето, обвинувајќи ја Европската комисија дека не презема доволно конкретни чекори за да ги заштити економиите и граѓаните на земјите-членки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk