ДОГОВОР ЗАД ГРБОТ НА ЕУ? Најавата на Трамп за Украина го крена Брисел на нозе

Vecer | 07.11.2026

ДОГОВОР ЗАД ГРБОТ НА ЕУ? Најавата на Трамп за Украина го крена Брисел на нозе
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можен „голем и сеопфатен договор“ со Русија, кој покрај завршувањето на војната во Украина би опфатил и нови безбедносни рамки за цела Европа, предизвикаа остри реакции и бран загриженост меѓу европските сојузници, пишува „Еуроњуз“. 

Официјален Брисел, Варшава и Киев порачаа дека за иднината и безбедноста на европскиот континент не може да се одлучува без директно учество и согласност на државите кои се засегнати.

Поводот за новата дипломатска напрегнатост беа изјавите на Трамп во кои тој наговести дека Вашингтон и Москва подготвуваат договор од историски размери. „Тоа ќе биденешто навистина големо. Договорот ќе опфаќа многу повеќе од Украина, а би рекол дури и дека ќе се однесува на цела Европа“, изјави Трамп без да открие детали за содржината или за ролјата на европските земји во процесот. Во дипломатските кругови веднаш се појави страв дека Белата куќа, во желба за брзо мировно решение, би можела да прифати дел од долгогодишните барања на Владимир Путин, со што би го ослабнала НАТО и би и овозможила на Москва поголема контрола и влијание врз европскиот поредок.

Реакцијата од Брисел пристигна експресно. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, за време на престојот во Варшава децидно ја отфрли можноста за прекројување на односите без европските партнери. Таа порача дека Европската Унија веќе има свој воспоставен безбедносен поредок и дека какви било преговори зад грбот на европските нации се неприфатливи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk