logo
logo
logo

Скандали во сенка на дипломатијата: КРАЛОТ ЧАРЛС ВО ПОСЕТА НА ТРАМП

Vecer | 28.04.2026

Скандали во сенка на дипломатијата: КРАЛОТ ЧАРЛС ВО ПОСЕТА НА ТРАМП

Британскиот крал Чарлс III и неговата сопруга Камила денеска ќе пристигнат во државна посета на Америка. Службеното патување ќе трае до 30 април и следува по инцидентот што се случи на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, која беше организирана на 25 април во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон.

Кралот Чарлс се огласи вчера по пукањето во хотелот „Хилтон“, каде што беа Меланија Трамп и Доналд Трамп. Тој напомена дека доаѓа во државна посета, дека ги следи сите детали и дека почувствувал големо олеснување што првата дама и претседателот на САД не се повредени. Набрзо по нападот, за кој подетално можете да прочитате во посебен текст, беше потврдено дека кралот Чарлс и Камила ќе отпатуваат во Америка и покрај сомнежите дека би можеле да го откажат патот поради инцидентот.

Пристигнувањето во Вашингтон се случува седум месеци откако Меланија и Доналд Трамп престојуваа во Британија. Првата двојка на Америка беше во државна посета на Лондон и во 2019 година, кога како главен домаќин ги пречека Елизабета II.

Да потсетиме, последната официјална посета на британски монарх на Америка беше во 2007 година, кога кралицата Елизабета ги посети САД на покана на тогашниот претседател Џорџ Буш.

Ова ќе биде прва службена посета на Чарлс на Америка откако беше крунисан на 6 мај 2023 година. Монархот и претходно престојувал во САД, но со титулата принц од Велс. Меѓу главните причини за неговата денешна посета се наведува одбележувањето на 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност на САД. По тој повод, кралот ќе му се обрати на американскиот Конгрес.

Односот помеѓу Чарлс, односно династијата, и семејството Трамп е прожет со бројни скандали кои во меѓувреме се ставени на страна.

Меланија Трамп и Камила: Дистанца што „пара“ погледи

Првата дама на САД е во одлични односи со Чарлс III, со кого разменува писма, како што откри во своите мемоари „Melania“ (2025). Тоа се виде и за време на минатогодишната посета на Британија, но нејзиното однесување кон Камила предизвика бурни реакции.

Кога со сопругот Доналд Трамп пристигна во Виндзор и се сретна со кралот и неговата сопруга, се случи првата непријатна ситуација.

Камила тогаш разговараше со Меланија Трамп пред замокот Виндзор, каде што членовите на династијата ги пречекаа уважените гости од Америка. Во еден момент им пристапи насмеаната Кејт Мидлтон и почна да разговара со првата дама на САД.

Меланија тогаш го прекина разговорот со Камила и продолжи да зборува со Кејт.

На Камила тоа воопшто не ѝ се допадна, што може да се види и на снимката. Таа не можеше да го сокрие незадоволството што принцезата се вмеша во разговорот и ѝ „украде пет минути внимание“, како и нетрпеливоста кон сопругата на принцот Вилијам и игнорирањето со кое ја почести Меланија.

Работата не заврши само со таа чудна реакција; додека Кејт и Меланија разговараа, Камила почна нервозно да гледа настрана и да се трга од нив двете. Како што коментираа на Инстаграм, љубомората тогаш „проклучи“. Сопругата на кралот навистина се однесуваше необично.

Кога виде дека им се придружија кочиите со кои подоцна кралот Чарлс III, Доналд Трамп, принцот Вилијам, Камила, Меланија Трамп и Кејт Мидлтон се провозеа низ имотот во Виндзор, едвај дочека да го искористи тоа како изговор и да ѝ каже на принцезата од Велс да се помрдне.

Камила понижена и од Трамп

Меланија јавно покажа поголеми симпатии кон Кејт отколку кон Камила, како на свечениот пречек во Виндзор, така и подоцна тој ден, на државниот банкет во Лондон, кога повеќе сакаше да зборува со принцот Вилијам, кој седеше до неа, отколку со сопругата на Чарлс III. Камила се трудеше првата дама повеќе да ја забележи, но немаше успех во тоа.

Првата дама на САД ја покажа наклоноста кон Кејт, а „воздржаноста“ кон Камила и за време на нивните останати средби кои беа дел од службената посета на Лондон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk